Тото призна дека преговара со Мерцедес

Тото Волф призна дека во моментов води разговори со менаџментот на Даимлер во врска со неговата улога во Мерцедес по крајот на оваа тркачка сезона.

Шпекулациите за негово заминување станаа се посилни откако тој направи фина инвестиција од 37 милиони долари во Астон Мартин, производител кој следната година ќе се трка како фабричка Формула 1 екипа преку Рејсинг Поинт.

без ники лауда јас сум сам како партнер на даимлер и се работи за тоа дали ќе го продолжам договорот како тимски шеф и ќе продолжам заедно со мерцедес на овој пат. во моментов дискусиите се околу тоа – појасни волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ