Тото сака грид од 30 болиди

Тото Волф повторно ја актуелизираше идејата од три болиди за секоја Формула 1 екипа во падокот.

Во моментов младиот талент од јуниорските серии мака мачи да си најде пат до Формула 1 и ретко успеваво тоа, секако поради недостаток на места во тркачката серија. Формула Е првакот на Мерцедес, Вик де Врис, е еден од талентираните возачи кои биле шампиони во младинските серии, но не може да си најде кокпит во Формула 1. Слично е и со јуниорите на Ферари и на Алпин.

Младите возачи, поради недостаток на места во најпрестижната тркачка серија, се пвеќе се насочуваат кон Формула Е, Индикар или сериите на издржливост. Волф смета дека три болиди по екипа е решение на овој проблем.

можеме да користиме трет болид во кој ќе сместиме дебитант возач, така што одеднаш ќе добиеме грид од 30 болиди – изјави волф за германски ртл.

Јост Капито, првиот возач на Вилијамс не е толкав ентузијаст за оваа идеја.

не можеме одеднаш да поставиме 30 болиди на патеката, нема да биде добро. зголемување на доополнителен болид по екипа е многу тешко, едноставно се ќе се зголеми за 50%. не знам како би било изводливо да се појавиме на 22-23 трки со три болиди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ