Тото смета дека де Врис заслужува место во Ред Бул

Тото Волф не е човек кој се фокусира на работата на конкурентите, но шефот на Мерцедес посочи кој возач се наева дека ќе добие шанса во екипата од Милтон Кинс.

Австриецот смета дека Ник де Врис ќе биде доволно брз и успешен во АлфаТаури за да си заработи место во главната екипа во иднина. Де Врис беше резервист во Мерцедес пред да добие дозвола да мине во АлфаТаури следната година откако импресионираше како замена за Алекс Албон на Италијанското Гранд При годинава и во своето прво појавување во неконкурентениот Вилијамс, освои поени.

Запрашан дали би го прифатил Ник назад во Мерцедес доколку неговата кариера во АлфаТаури не биде добра, Волф одговори:

сум размислувал за тоа. се надевам дека ќе остане таму и се надевам дека ќе биде успешен во алфатаури. се надевам дека ќе биде толку добар што ќе си заработи место во ред бул еден ден затоа што го заслужува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ