Тото смета дека Мик може да го следи патот до гридот на де Врис

Мик Шумахер стана резерва на Мерцедес за претсојната сезона, а Тото Волф верува дека тимот има потенцијал да му даде кариера како онаа на Ник де Врис.

Австриецот посочи дека “сребрените стрели“ ќе го поддржат германецот во неговиот обид да се врати на Формула 1 гридот на начин како што тоа го направи холанѓанецот.

Откако синот на легендарниот Михаел го загуби своето место во Хаас од Нико Хулкенберг на крајот од минатата сезона, Мерцедес го земаа како резерва кај себе и како помош при развојот на болидот за годинава.

Во меѓувреме, холанѓанецот де Врис, кој до лани беше возач на Мерцедес, нивна резерва и нивни Формула Е првак, имаше фантастично деби во болидот на Вилијамс, привлекувајќи го вниманието на падокот, по што доктор Хелму Марко му довери тркачко место во АлфаТаури.

личноста е најважен фактор. тој е многу образован, интелигентен и талентирано младо момче. неговата јуниорска кариера е импресивна и ние веруваме дека можеме да му дадеме околина каде може да се развие во одличен тркач со свое место на гридот во иднина.

на исти начин како што ја вративме кариерата на ник де врис и му најдовме шанса, можеме да направиме слично со мик, без оглед дали во нашиот тим или во некоја друга екипа – објасни волф.

За сега, Тото очекува Шумахер да придонесе во развојот со своето двегодишно искуство во Хаас.

тој може да придонесе со своето искуство затоа што цела година возел и се тркал во конкурентнски болид на друга екипа. веќе две години е во формула 1, ги познава гумите, знае колку е тешка тркачката серија и ја познава оваа генерација болиди.

ќе биде страшно корисен во сиулаторот и при проценка на болидот, ќе биде убаво да го имаме на патеката и состаноците затоа што е добар млад возач. од таа перспектива, дефинитивно сум среќен што стана дел од тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ