Тото шокиран од начинот на отстранување на болидот на Луис

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, е шокиран од начинот на кој болидот на Луис Хамилтон беше отстранет откако заврши во оградата на Мирабу, но посочи дека доброволците околу патеката не смее да бидат критикувани.

Луис беше преширок на Мирабу и заврши во оградата во последните моменти од тренингот пред квалификациите. Неговиот В14 болид со куп новини кои тимот веќе подолго време ги најавува беше високо дигнат со кран на патеката така што сите фотографи имаа директен увид во подот на болидот, главниот создавач на потисната сила во денешната генерација на болиди.

кој и да работеше со кранот, веројатно работел во циркус порано. искрено, лошо изведено, болидот беше на земја, можеа да го стават во камион наместо да го покажат нашиот нов под на светот. лошо по нас – незадоволен е волф.

Серхио Перез заврши во ограда на првата кривна, Сент Девот за време на квалификациите, а потоа и неговиот болид беше високо дигнат со кран за да биде отстране, со што конкурентите добија убава можност да го видат подот и на најдоминантниот болид на гридот.

исто направија и со болидот на чеко? веројатно сите дошле од циркус – посочи тото.

Но, тој предупреди дека не треба да се критикуваат маршалите и доброволците кои се осигурваат дека секој настан ќе мине во најдобар ред.

не ги критикувајте нив, сите даваат се од себе, сигурен сум во тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ