Тојота го донира последниот свој болид на добротворна аукција

Последниот Формула 1 болид на Тојота кој се тркал под логото на фабричката екипа е понуден на добротворна аукција од која средствата се наменети за борбата против пандемијата, а ја организира ФИА.

Тимовите и возачите понудија доста предмети на #RaceAgainstCovid аукцијата која ќе ја спроведе RM Sotheby’s како помош за Меѓународниот Црвен Крст и Црвената Полумесечниа, а ФИА веќе префрли 1 милиони евра на оргсанизацијата.

Тојота донираше шасија ТФ109-01 која беше возена на почетокот на 2009 година од страна на Јарно Трули и на Тимо Глок, а болид од таа генерација донесе пет подиуми и една пол позиција за фабричката екипа во сезоната во која завршија на 5то место во конструкторскиот поредок. Сепак, таа година, односно по крајот на истата, производителот се повлече од Формула 1 финансиската криза која го зафати светот.

Тојота ТФ109-01 потоа стана тест болид на Пирели и беше возен од Ник Хаидфелд, Педро де ла Роса, Лука ди Граси и Роман Гросжан и остана црно обоен во боите на Пирели, а доаѓа во комплет со мотор и менувач.

На аукцијата ќе биде понудена и победничката кацига од Австралиското Гранд При на Дејмон Хил, кацига од повеќекратниот Ле Ман победник, Том Кристенсен. Ферари понуди лански победички кациги од Себастијан Фетел и од Шарл Леклер како и ден во Мараело со вклучено користење на симулаторот. Мерцедес даде тркачки комбинизони од Хамилтон и Ботас, но списокот не завршува тука.

Аукцијата ќе биде електронска на rmsothebys.com, ќе почне на 15 Јуни и ќе трае до 22 Јуни,

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ