Три позиции казна за Леклер

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, доби казна од три позиции во пресрет на утрешниот старт за Штаерското Гранд При за забавување на Даниил Квјат, возачот на АлфаТаури на денешните квалификации.

Фрустрирачката сесија за второпласираниот возач од минатиот тркачки викенд започна со 11то место на квалификациите, а казната за инцидентот значи дека ќе тргне од 14та позиција на гридот.

Тој беше дел и од друга истрага во врска со неследење на процедурите при развеано црвено знаме, но за тој инцидент не доби никаква казна.

црвеното знаме беше развеано кога болидот број 16 наближуваше до 9та кривина и беше веќе длабоко влезен во истата. тој забави нагло и не забрза по таа кривина размислувајќи да влезе во гаражата со минување преку белата линија, но сметал дека тоа ќе биде небезбедно.

возачот реагирал соодветно, продолжил по паеката и го извозел кругот со безбедна брзина. поради тоа, стјуардите сметаат дека не е виновен за тој инцидент – гласи соопштението од контролата на трката.

Кими Раиконен исто така беше под истрага за сличен инцидент поврзан со периодот на развеано црвено знаме и тој “куртули“ од казна затоа што направил обид да влезе во бокс, но проценил дека тоа не е разумно.

И Чеко Перез од Рејсинг Поинт беше под закана од казна поради непочитување на жолтото знаме, но и кај него стјуардите одлучија дека направил се за да забави.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ