Трката во Абу Даби номинирана за БАФТА

Последната трка од минатогодишната сезона возена во Абу Даби и борбата помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен е номинирана за награда БАФТА.

По многу пресврти во текот на сезоната, борбата за насловот кулминираше на последната трка на Јас Марина. Хамилтон водеше во текот на трката се до последниот круг кога по контроверзното безбедносно возило се случи чудо и Верстапен на нови гуми го престаса.

Како резултат на возбудливата трка и сезона, БАФТА одлучија да ги номинираат Скај Спортс Ф1 за спортски настан на годината. Иако Формула 1 и шефовите на Скај се надеваат дека ќе победат, сепак имаат жестока конкуренција во Олимписките игро во Токио и полуфиналето на европското првенство во фудбал. 

Ова е втор пат Формула 1 да биде номинирана за БАФТА по трката во Бахреин во 2020 година. Последен пат спортот доби БАФТА награда во 2011 година за трката во Абу Даби претходната сезона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ