Трката во Баку донела 500 милиони долари во Аџербејџан

Организаторите на Големата наград на Азербејџан во Баку открија дека четирите до сега организирани тркачки викенди донеле 500 милиони долари приливи во локалната економија.

PricewaterhouseCoopers, сметководствениот гигант ги откри овие цифри во име на градската патека во Баку откако биле ангажирани да ги измерат придобивките по првите четири години од постоењето на трката.

Трката која за прв пат почна да се одржува во 2016 година под називот Европско Гранд При е позната по тоа што плаќа една од највиските суми за организација на челниците на спортот, а добриот поврат е одличен за да се оправдаат големите инвестиции кои ги прави пребогатата Влада. Во Февруари лани, Баку доби продолжување на договорот до 2023 година.

Придобивките од 506,3 милиони долари се состојат од директни и индиректни резултати на трошење поврзани со проистигнување на Формула 1 во Баку во минатите четири тркачки викенди. Се работи за потрошувачка во различни сектори како професионални услуги, хотели и сместување од било каков вид, кетеринг и прехрана, транспорт, социјални и културни услуги, земјотелство, пошта и телекомуникации, малопродажба и струја, гас и вода.

Цифрата е поделена во две главни категории, директни трошења на добра и услуги како хотели, ресторани и транспорт, сума која се проценува на 300,6 милиони долари во последните четири години.

Втората категорија се индиректните трошоци како дополнителен приход за компаниите кои продаваат добра и услуги на други организации кои директно ја снабдуваат Формула 1, како градење, производство, социјални услуги и слично кои достигнале 205,7 милиони долари за четири години.

Тркачкиот викенд придонел за создавање на 5-10 илјади краткорочни и среднорочни нови работни места само во првите две години, а по 7.500 последните две години. Фокусот во овој сегмент бил да им се даде прв впечаток на луѓето од Азербејџан како е да се работи на толку големи меѓународни настани и да и се даде на новата генерација можност за работа како клучен чекор во нивните кариери.

Трката придонела и за засилување на националниот бренд и репутацијата како и глобалната свест за Азербејџан како модерна и динамичка земја способна да организира настани од светски тип.

Глобалната медиумска покриенст се цени на 82,3 милиони долари од телевизиската гледаност во 2018 година и 90,2 милиони долари лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ