Трката во Зандворт придонелa за холандската економија

Научна студија во врска со Големата награда на Хоандија лани довела до заклучок дека трката имала позитивен економски и социјален удел во земјата.

Формула 1 се врати на Зандворт лани по пауза од 36 години и милиони луѓе преку тлевизиски пренос го следеа фантастичниот настан кој општо беше оценет како вистински успех, а домашните беа пресреќни на доминантниот триумф на нивниот Макс Верстапен.

Универзитетот во Бреда направи научна студија за економскиот и социјалниот момент од настанот и истото го достави до општината Зандворт.

Трката донела дополнителни 22,3 милиони евра потрошени во Зандвор и дополнителни 44,5 милиони евра потрошени во регионот Амстердам, каде припаѓа Зандворт. Дополнителното трошење е пресметано како вкупното трошење намалено за износот кој вообичаено би се потрошил во регионот без да се организира трка. Така, додадената економска вредност изнесува 8,9 милиони евра за Зандворт и 23,2 милиони евра за регионот Амстердам пресметано како процент од дополнителното трошење намалено за приходите од продажбата на карти за трката.

Трката на Зандворт директно создала 244 работни места на патеката и околу неа и 498 во регионот Амстердам. Вредно е да се спомене дека овие бројки се создадени и покрај дозволата за исполнетост на само 2/3 од капацитетот на трибините на автодромот и покрај тоа се повисоки од студијата која била направена во 2017 година додека се правеле анализи дали да се аплицира за организација на трката.

  • 126.650 посетители направиле вкупно 195.000 посети на патеката за трите денови на настанот
  • секој посетител просечно го посетувал Зандворт 1,5 денови
  • 19% од посетителите биле од регионот Амстердам, 3 % од самиот Зандворт, 77% од остатокот од Холандија и само 4% биле странци
  • 87% од посетителите никогаш не биле на Зандворт и немале да дојдат доколку немало трка.
  • 26% од посетителите преспале во регионот Амстерам што донело 7,6 милиони евра приход за рехионот, а оние кои преспале во Зандворт потрошиле 2,7 милиони евра.

Локалните жители, претприемачите и посетителите позитивно гледаат на самиот настан, 82,4% од нив ќе ја паметата трката уште долго, 87,2% биле импресионирани од тоа што го виделе, 88,1% уживале во настанот, а 88,9% биле изненадени од трката.

Претприемачите во Зандворт биле запрашани да ја рангираат атмосферата во градчето и влијанието над нивните бизниси и тие просечно дале 8,7 за атмосферат на скала од 1 до 10, а 8,4 оценка за атмосферата во нивната фирма за време на тркачкиот викенд.

Посетителите на Зандворт исто така биле импресионирани од атмосферата, 93% се сложиле дека има одлична атмосфера, а 92% се чувствувале добредојдени. Тие ја ценат атмосферата 8,9 на скала од 1 до 10.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ