Тсунда со стар болид на Имола во пресрет на сезоната

Младиот дебитант на АлфаТаури, јапонецот Јуки Тсунода, ќе добие дополнителен предсезонски тест на Имола, патека во непосредна близина на Фанеца каде е седиштето на тимот, со стар болид на екипата.

Оваа сезона предсезонските тестови се намалени на само три денови возење за возачите да се подготват за она што следува. Ова важи и за дебитантите и за оние кои прават трансфер од една во друга екипа, но тоа е далеку од доволно особено за новајлиите.

АлфаТаури планира да тестира со постар болид во пресрет на сезоната на легендрниот автодром Енцо и Дино Ферари кој ќе биде домаќин на третата трка вов сезоната. Motorsport.com пренесува дека тимот планира две поединечни тренинг сесии на Имола за двајцата свои возачи, но и ден за снимање како проба за новиот болид.

На 27 и 28 Јануари следанта недела со постар болид Тсунода ќе се запознава со тимот и процедурите, а ќе се “освежува“ и формата на одличниот лани Пјер Гасли. Втората тест сесија се очекува да биде помеѓу 23 и 25 Февруари која треба да вклучува и ден за снимање со новиот болид за 2021 година, секако ограничен на 100 километри со посебни гуми.

Правилата дозволуваат користење на два денови за снимање кои се ограничени на максимални 100 километри и истите се одработуваат со посебни гуми кои немаат перфроаманси како редовните за да се спречи тестирање.

Овогодинешниот АлфаТаури ќе користи иста шасија како и ланскиот АТ01 болид, но ќе има силно ревидирани аеродинамика главно поради промената на подот која е задолжителна со цел да се намали потисната сила. Се верува дена новиот болид ќе има многу повеќе новини од само потесен нос, а тимот сеуште не открил каде ќе се користат развојните токени. Единствено е сигурно дека нема да се копира задниот дел на Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ