Тсунода до АлфаТаури: Јас зезнав

Јуки Тсунода му се извини на својот тим АлфаТаури откако доживеа несмасна несреќа што го исфрли од трката за Големата Награда на Канада.

22-годишниот јапонски возач беше задоволен од своето темпо во Монтреал се додека, доцна во трката, ја загуби контролата над својот AT03 кога повторно се приклучи на патеката по влегувањето во боксот. Се смета дека јапонскиот возач поминал преку нерамнина додека притискал премногу силно за да се врати на патеката пред неговите ривали, нерамнина која ја забележале и коментирале другите за време на тренинзите.

зезнав и Веќе му се извинив на целиот тим. Само притискав премногу на излезот од боксот и за жал, удрив во ѕидот.

Темпото беше добро денес и до тој момент силно се опоравувавме, дури и ако беше тешко да се престигне, јас сум разочаран од тој крај – посочи јапонскиот возач.

Несреќата беше клучниот чин на лош викенд за АлфаТаури, кои не успејаа да освојат поени само трет пат оваа сезона. Пјер Гасли, кој заврши петти во Азербејџан, можеше да се искачи само на 14то место на денот на трката бидејќи и тој и Тсунода заминаа со празни раце.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ