Тсунода е незадоволен од сопирачките

Јуки Тсунода возеше во топ 10 во текот на трката во Монако, но поради проблеми со сопирачките заврши поназад и тоа тешко го прифатил.

Јапонецот се квалификуваше на 9та позиција и ја задржа 66 кругови возејќи пред двата болиди на Мекларен, оној на Норис и Пиастри. Но, во последните кругови имаше проблем со сопирачките и назадуваше на гридот. 

Откако загуби неколку позиции и излета еднаш, тој трката ја заврши на 15то место. 

Се беше добро до дождот. Имав проблеми со сопирачките и наеднаш не можев да притискам и немав брзина. Тимот бараше од мене повеќе да кочам за да ги загреам кочниците, но тоа не беше можно.

Разочаран сум. Не можам да опишам со зборови бидејќи имав добар болид пола трка и подоцна се се промени. Тешко е да прифатам на крај – вели јуки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ