Тсунода: Не можев ништо додека врнеше

Лутиот Јуки Тсунода ги премина сите граници со неговиот тим АлфаТаури откако беше побарано од него да го засили своето темпо во предизвикувачките услови во Монако.

Големата Награда на Монако започна на сува патека и остана така во текот на воведната половина од трката, но на крајот се остварија предвидувањата од тимовите за дождот. Со интермедиа пневматици кои потоа беа искористени, оваа компонента совршено му одговараше на Ландо Норис од Мекларен и британецот го стигна и почна да го напаѓа Тсунода за 9то место.

Тимот на Тсунода во тој момент сакаше да го мотивира јапонскиот тркач за да го забрза темпото, а неговиот инженер за трка му сугерираше да се обиде да го направи тоа преку зоните на сопирање. Потоа следеше лут одговор од Тсунода, кој возврати со:

Знам, но оваа сопирачка не функционира. се обидувате да ме судрите или што – луто врати јапонецот.

Норис беше во можност да го помине Тсунода, кој не ја послуша наредбата од тимот, а во неговата трка не помогна преширокото излетување во Мирабо. Зборувајќи за медиумите по трката, која Тсунода ја заврши на 15то место, тој навлезе во дополнителни детали за проблемот со сопирањето за кој рече дека е изложен од влажното време.

Се мачев цела недела, во суви услови беше во ред, но кога почна овој дожд, проблемот со сопирачките беше преголем – објасни тој.

Не можев да направам ништо и темпото беше навистина лошо. Беше навистина тешко и морав многу да се повлечам за да не се судрам, барем не го оштетив мојот болид, но навистина беше незгодно да се справам со него.

Тоа е тежок резултат бидејќи покажавме добро темпо и имавме контрола, особено на суво – рече тој.

Со почетокот на дождот, времето на нашиот пит-стоп од медиум до интермедиа беше совршено, така што тимот заврши добра работа со тоа.

Проблемот со сопирачките што ги имав цел викенд се засили на дождот и беше тешко да се контролира и управува ситуацијата. Се чувствував како патник од тогаш до крајот на трката.

Се разбира, јас сум фрустриран, а исто така и тимот, бидејќи освојување на поени беше можност. Тешко е да се прифати, сè уште има работи што треба да се подобрат, но сигурно има позитивни работи што треба да се земат од овој викенд. Сега ќе се ресетираме и ќе се фокусираме на Барселона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ