Тсунода: Тимот беше загрижен поради евентуална продажба

Јуки Тсунода верува дека персоналот на АлфаТаури бил загрижен за иднината на тимот откако се појавиле гласини дека тимот ќе се продава. 

Но, доктор Хелмут Марко појасни дека тимот нема да се продава. 

Одлуката се донесе, АлфаТаури останува во сопственост на Ред Бул и ќе работи како јуниорски тим. Соработката со Ред Бул ќе биде поблиска – објасни доктор марко.

Новиот Главен извршен директор на Ред Бул, Оливер Минцлаф не е задоволен од перформансите на тимот и растот на брендот АлфаТаури. 

Добро е за АлфаТаури, за инжинерите и механичарите. Сега може да се фокусираат на тркањето. Имаше доста загрижени луѓе во тимот, Но сега е добро откако се донесе одлука. Тажно е што мораше така да биде, Но јас сега не сум загрижен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ