Тсунода ја призна грешката за излетувањето

Јуки Тсунода објасни дека нема оправдување за грешката што ја направил кога излета во Сингапур.

Тој ја заврши трката во 36от круг кога удри во бариерите на 10от свиок откако му се блокираа тркалата и заврши во бариерите за што признава сопствена грешка.

Секако не возев во поени, Беа тешки услови и направив грешка бидејќи ја промашив точката на кочење. Целосно е моја вина и нема оправдување.

Разочаран сум бидејќи имав добра трка. Бев зад Норис и двата Астона. Не разбирам зошто толку рано бев повикан во бокс бидејќи направивме ризик и загубивме позиција.

Сигапур е патека каде е важна позицијата на патеката и тоа многу не чинеше. Мора да разгледаме што се случило. Целта е да напредуваме до крај на сезоната, но не завршивме добра работа – вели јапонецот.

Гасли објасни дека целта е седма позиција кај конструкторите каде во моментов е Астон Мартин.

Се боревме со двата Астона и имаме потенцијал да завршиме пред нив. Сеуште има пет трки до крајот на сезона и имаме шанса која мора да ја искористиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ