Тужителот на де Врис: Му дадов пари кога никој не сакаше

Бизнисменот кој го тужи Формула 1 дебитантот, Ник де Врис за прекршување на меѓусебен договор, вели дека иако има недоразбирање, продолжува да го поддржува новиот возач на АлфаТаури.

Претприемачот кој се заминава со недвижности, Јероен Шотхорст го обвини 27-годишниот холанѓанец дека го прекршил договорот за заем од 2018 година кога му дал 250 илјади евра за да ја финансира својаа Формула 2 тркачка кариера. Според него, договорот вели дека тој има право на половина од заработувачката на де Врис, но само доколку обезбеди место во премиерната Формула 1 до 2022 година.

фантастично е што ник стана успешен формула 1 возач и тоа што имаме двајца холанѓани кои ќе се појават на трката во зандворт во август. ние инвестиравме во него во значаен момент од неговата кариера кога никој друг не сакаше, а мислењата во однос на интерпретација на договорот се различни.

се случуваат такви работи, но резултатот е што ова недоразбирање мора да го решиме на суд. секако дека сакавме поинаква разрешиница, но тоа не менува ништо во однос на нашите чувства и пдодршка за ник во иднина – изјави Шотхорст.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ