Турини смета дека Себ ќе остане во Ферари

Познатиот инсајдер со голеи врски во Ферари, италијанецот Лео Турини, смета дека Себастијан Фетел има големи шанси да остане во Маранело и по истекот на неговиот договор на крајот од оваа сезона.

Турини предивика бура во светскиот печат откако минатата недела објави дека со болидот на Ферари нешто не е во ред и дека инженерите не се задоволни со податоците кои ги добиваат од воздушниот тунел.

го објавив тоа затоа што постоеше огромна еуфорија во врска со шансите на ферари за оваа тркачка сезона.

вистина е дека ланскиот ферари иаше супериорна моќ од моторот, но немаа можност да ја искористат таа предност и не направија ништо – откри лео.

Потоа инсајдерот се осврна на тандемот на возаи на тимот и потенцираше дека во Маранело направил јасен избор кога го потпишале Шарл Леклер до крајот на 2024 година.

покажуваат неограничена верба во него и прават да се чувствува уште подобро во маранело со носење на неговиот брат артутр во нивната академија. мислам дека тоа во комбинација со потпишувањето на вертапен за ред бул значи дека и мерцедес многу скоро е го потврдат хамилтон.

ферари се во ситуација во која со истекот на договорот на фетел може да одлучат што сакаат да прават со местото крај леклер.

себастијан е голем шампион, но со верстапен во ред бул и хамилтон во мерцедес, себ може или да отиде во некоја четврта екипа или ако сака подобри и посигурни резултати да остане во ферари крај леклер. то е само доколку тандемот успее да најде баланс и начин да работат заедно годинава, нешто што не беше случај лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ