Турција и втора трка на Шакир годинава ?

Се поголеми стануваат неизвесностите околу Канадското Гранд При и Големата награда на Бразил во Сао Паоло, така што спортот размислува за заменски трки, а во преден план се појавува Истанбул Парк како и нова трка во Бахреин на Шакир.

Австралиското Гранд При веќе е презакажано од традиционалниот мартовски датум во Ноември, додека од организација се откажаа Кина и Виетнам, а нови трки на нивно место се онаа во Сан Марино на Имола како и на Портимао.

Рекордниот календар од 23 трки беше најавен од страна на Стефано Доменикали дека може да трпи промени поради развојот на ситуацијата со пандемијата во одредени земји. Како природен избор да “влета“ во календарот е Турција за која се зборува дека може да организира трка на местото на Канадското Гранд При на 13 Јуни, една недела пред Азербејџан.

Истиот медиум пренесув дека Истанбул Парк бил во комбинација за трка на 2 Мај, датумот на Виетнам, но поради празникот Рамадан, Португалија ја превзела таа обврска. 

Проблемот со Канада е поради локалните ограничувања за патување согласно кои секој кој доаѓа во земјата мора да отслужи 14-дневен карантин, така што би било невозможно за Формула 1 персоналот.

Сао Паоло треба да организира трка на 7 Ноември, а ситуацијата во земјата во однос на пандемијата е страшна, така што дури и седум месеци пред Гранд При викендот постои огромна доза на загриженост за патување во земјата.

Поради тоа се споменува Бахреин и брзата конфигурација, налик на овал, која се возеше лани откако земјата се покажа како одличен организатор неколку пати годинава и лани. Исто така, земјата е блиску до Саудиска Арабија и Абу Даби кои се закажни како последни трки годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ