Турција: Хамилтон докторски до 7та шампионска титула

Луис Хамилтон, сосема, сосема неочекувано, победи на Турското Гранд При крај Истанбул и на докторски начин стигна до својата 7ма шампионска титула во Формула 1 кариерата на трка преполна со се и сешто.

Серхио Перез успеа да стигне до 2ро место, негов најдобар пласман во кариерата, а зад него по долго време на подиумот се врати Себастијан Фетел, откако неговиот колега направи грешка во последниот круг и му го препушти подиумот.

Возбуда имаше и пред да почне трката откко на загревачките кругови Антонио Џовинаци со својата Алфа Ромео заврши во ѕид и го оштети болидот, а “да не остане покусо“ него го копираше и Џорџ Расел.

Стартот на трката беше возбудлив, а Макс Верстапен погреши на стартот, неговиот Ред Бул не можеше да “погоди“ брзина и од 2то стартно место падна дури на 8то, но брзо се враќаше и пробиваше.

Втората кривина беше моментот кога Валтери Ботас го допре Естебан Окон и се изврте заедно со него, уништувајќи две трки. Во текот на 58те кругови Ботас ни самиот не знае колку пати се изврте, беше минат од својот колега и заврши некаде во некое предградие на Истанбул.

Луис Хамилтон направи грешка уште во вториот круг кога прешироко мина низ 9та кривина и ја загуби позицијата од Себастијан Фетел, Макс Верстапен и Александер Албон, паѓајќи на 6то место. Себастијан Фетел дојде до 3то место, прв пат да вози во топ 3 оваа тркачка сезона, неверојатно неверојатен податок за еден четирикратен Формула 1 првак.

Кругот број 6 беше моментот кога Карлос Саинз го мина Кими Раиконен за 8мо место.

Круг подоцна, односно во 7от, Шарл Леклер беше во една колона од 4 болиди кои се бореа за поен и поради тоа што беше свесен дека не може да мине, реши да влезе во бокс и да монтиран ови интермедиа, прв на гридот, по што од 14то место “падна“ на 19то.

Следниот круг промени и Валтери Ботас откоа извртувањето од првиот круг “му ги изеде“ пневматиците, а потоа следуваа низа промени во боксот и сите менуваа на нови интермедиа. Во 8от круг променија Фетел и Хамилтон, германецот од 3то “падна“ на 7мо место додека Луис влезе како 6ти, а излезе како 8ми.

Лидерот Строл исто така влезе по свежи гуми и излезе на 4то место, следниот круг истото го стори и Чеко Перез и се најде зад својот тимски колега, а во 12от круг промени и Макс Верстапен. Но, при излегувањето од гаражата Макс мина преку белата линија, а таквиот прекршок е оставен да се разгледува по трката.

Откако холанѓанецот влезе во боксот, лидер на трката стана Александер Албон кој прв пат во својара кариера беше на чело на колоната и тој беше 4ти лидер во текот на првите 12 кругови од трката, неверојатен податок.

Првото откажување дојде во 13от круг кога Антонио Џовинаци се пакрираше крај патеката и донесе виртуелно безбедносно возило кое беше на сила 2 кругови.

Во 16от круг Хамилтон повторно направи грешка и му дозволи на Александер Албон да го мине откако претходниот круг промени гуми, а три кругови подоцна “мајсторот за дожд“, Макс Верстапен, се покажа лошо како и неколку пати во текот на трката и се изврте. Експресно влезе по нови гуми и “падна“ од 3то место на 8мо место.

Во 30от круг од трката, Контролата н трка реши да дозволи користење на ДРС системот откако патеката стануваше се посува.

Шарл Леклер беше предводник и на серијата втори промени на гуми откако своите истрошени интермеаи ги замени со нови во 31от круг и веднаш имаше значително подобро време.

Во 33от круг Карлос Саинз имаше дуел со Даниел Рикардо и го мина за 6то место, а австралијанецот влезе во бокс откако немаше грип поради истрошените гуми. Следниот круг промени и Себастијан Фетел.

Круготи број 36 беше последен за Кевин Магнусен кој се возеше на 10то место и имаше поен, но се чини дека механичарите на Хаас “ја утнаа“ работата со промената и не ги ставија тркалата соодветно. Данецот се паркираше на крајот од боксовите, а инцидентот е под истрага.

Откако неколку кругови “се натегаше“ со својот инженер, Ленс Строл во 35от круг влезе по свежи интермедиа и тоа беше моментот кој му ја уништи трката во која беше лидер 35 кругови, а завши само со 9то место и два поени.

Во кругот број 37, откако Луис Хаилтон стануваше се побрз, го мина Серхио Перез кој тогаш беше лидер и му го превзема првото место на трката, станувајќи 5ти различен возач што ја поведе колоанта.

Во 40от круг Ленс Строл беше жртва на Ферари и откако беше минат од Фетел и Леклер назадуваше до 6то место иако беше 4ти претходно.

Следниот круг, тимската борба во Ферари “ја доби“ Шарл Лекер кој го мина колегата за 4то место, а “ситно“ подоцна и Александер Албон го мина Строл кој назадуваше до 7мо место.

Кругот број 43 беше последен за Николас Латифи кој се паркираше во гаражата.

Во 44от круг, Шарл Леклер го нападна и веднаш го мина Макс Верстапен превземајќи го неговото 3то место, а холанѓанецот експресно потоа отиде во гаража по нови гуми.

Круг подоцна дуел за 5то место имаа Саинз и Албон, а шпанецот испадна подобар и напредуваше позиција.

Во 53от круг Макс Верстапен го мина својот колега за 6то место откако два круга претходно направи голема пирутеа и загуби време, но надомести многу брзо.

Во 56от круг Ленс Строл беше минат и од Ландо Норис за 8мо место и беше 9ти.

Последните три кривини од трката беа моментот кога Шарл Леклер реши да оди на “се или ништо“. Неколку ркугови го стигнуваше Серхио Перез и реши да нападне во последната серија од три кривини, но мина прешироко и Чеко успеа да си ја врати позицијата, но Леклер беше минат и од колегата Фетел, иако успеа да го задржи Саинз зад себе. Храбар потег на Шарл кој му загуби позиција.

На крајот, Хамилтон, Перез и Фетел на подиум, пред Леклер и Карлос Саинз. Шесто место за Макс Верстапен пред Александер Албон од истата екипа, а зад нив Ландо Норис од Мекларен. Два поени и најголем губитник на трката беше Ленс Строл, а Рикардо “коллку да се рече“ дојде до 10то место и поен за себе и Рено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ