ТЦР Европа, Белгија 2: Брише победник во карамболот, Давидовски 18ти

Втората трка од ТЦР Европа првенството на патеката Спа-Франкошамп во Белгија се претвори во карамбол, со вкупно 5 инциденти под истрага од страна на стјуардите, како и дополнителни инциденти со неколку прерани стартови.

На крајот Џулиен Брише се покажа како најиздржлив на патеката и стигна до последователна победа во вторите трки од тркачките викенди со што сега е на челната позиција во генералниот пласман.

Џими Кларет заврши на второ место за негов прв подиум во серијата со што придонесе кон 1-2 победа за Пежо. Мат’о Хомола ги искористи инцидентите во кои беа елиминирани неколку возачи пред него и се пласираше на трето место, пред Андреас Бекман и Ашли Сатон.

Многумина од врвните возачи не ја завршија трката како Даниел Наги, Стијан Паулсен, Нејтан Бихел, Душан Боркович и Том Коронел.

Нашиот Виктор Давидовски стартуваше од 34то место, но на крајот ја заврши трката на 18та позиција.

Следната трка е на патеката Ред Бул Ринг во Австрија, од 12 до 14 Јули.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ