ТЦР Европа: Давидовски во виртуелната трка во Белгија на 2 Мај

Како што сме сведоци на се повеќе виртуелни првенства и трки, почнувајќи со Формула 1 и првенството во кое се натпреварува нашиот Виктор Давидоски од тимот на PSS Racing Team, ТЦР Европа, одлучи да им понуди возбуда на своите фанови преку организација на виртуелни трки.

Нашиот претставник, Давидовски, го потврди своето учество во виртуелната трка.

ТЦР Европа серијата го објави и форматот на виртуелното тркање кое ќе започне во Сабота, 2 Мај, на патеката Спа-Франкошамп во Белгија.

Настанот ќе биде составен од еден слободен тренинг и една квалификациска сесија од 20 минути, дополнето со две трки од околу 50 километри поединечно. Сите сесии ќе се одржат последователно. Серијата ќе биде резервирана за возачи кои се дел од вистинското првенство, со максимален број од 22, а истата ќе биде составена од 7 настани кои се дел од официјалниот календар.

Целиот настан ќе биде пренесен во живо на TCR TV, страницата на Facebook на ТЦР, официјалниот канал на TCR на YouTube, како и нивниот канал на Twitch. Линковите се подолу.

http://www.tcr-series.tv/
https://www.facebook.com/TCRseries/
https://www.facebook.com/TCREurope/
https://www.youtube.com/channel/UCoSlmLSprEnTz7HjmMb7HBw
https://www.twitch.tv/tcr_series

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ