ТЦР Европа: Давидовски се враќа на тркањето, PSS Racing и со втор возач

По подолга пауза поради пандемијата од Корона вирусот и неможност да патува надвор од државата поради рестрикции од некои земји во Европската Унија, Виктор Давидовски повторно се враќа во брзата линија на трките од ТЦР Европа првенство.

Викендов, почнувајќи со тренингот и квалификациите во Петок, двете главни трки на патеката Јарама ќе го означат финалето од оваа сезона во ТЦР Европа. Патеката е позната за Давидовски, кој на истата ги изведе предсезонските тестови.

Но вестите за македонскиот тим на PSS Racing Team се уште подобри земајќи предвид дека тие на трката ќе се појават и со втор автомобил, возен од Франко Џиролами, двократен аргентински шампион и брат на Нестор Џиролами, кој во Франција на Пол Рикар го замени Давидовски и се пласираше на петто место, како и второ место на подиумот.

Акцијата започнува во Петок, од 15:00 часот по македонско време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ