ТЦР Европа: Давидовски ја започнува новата сезона со тест во Барселона

По најуспешната сезона за македонскиот моторспорт минатата година, нашиот претставник Виктор Давидовски го започнува својот нов поход во најсилната европска тркачка серија, ТЦР Европа, со предсезонски тест на патеката Каталуња во Барселона.

Во 2022 година Давидовски ја имаше својата најсилна сезона во неговата кариера при дебито со возилото Ауди на тимот Comtoyou Racing, освојувајќи победа во Франција, како и настапот во WTCR на последните две трки во Бахреин и Саудиска Арабија каде стигна до историски подиум. Виктор исто така повторно да ја освои титулата во Diamond Trophy категоријата.

Предсезонскиот тест започна денес и ќе трае до Четврток, а потоа возачите во ТЦР Европа се упатуваат во Портимао, Португалија за првата трка од првенството закажана од 28 до 30 Април.

По зимската пауза, Давидовски имаше интензивен тренинг и подготовки, како на својата физика, така и во симулаторот.

Втората трка ќе се одржи во Пау, Франција од 13-14 Мај, Белгија е следна од 26-28 Мај. Будимпешта е 4та трка на календарот и ќе одржи од 17 до 18 Јуни, потоа Пол Рикар од 21-23 Јули, а сезоната ќе заврши во Монца од 22-24 Септември како претпоследна, односно во Барселона од 20-22 Октомври.

Му посакуваме се најдобро во новата сезона и сигурни сме дека повторно ќе ни даде причини да бидеме горди на нашите успеси во Европскиот и Светскиот моторспорт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ