ТЦР Европа започна, Џиролами и Давидовски одлични во топ 10

Новата сезона во најелитното европско првенство на туринг автомобили, ТЦР Европа, започнува викендов во Словачка на патеката Словакија Ринг, а по првите тренинг сесии напорната работа на македонскиот тим PSS Racing веќе се исплатува.

Оваа година тимот ќе има двајца возачи, нашиот Виктор Давидовски и аргентинецот Франко Џиролами, брат на повеќекратниот шампион, Нестор Џиролами.

По повеќето предсезонски тестови на легендарните патеки ширум Европа, како што и самиот Давидовски потврди за КРУГ.МК, автомобилите на Хонда тип R FK7 TCR изгледаат одлично подготвени благодарејќи на фабричката поддршка од јапонскиот производител и очекувањата беа поставени на високо ниво, особено по неколку успеси минатата година со пласман на подиум и два дијамантски трофеи.

На првиот тренинг во Словачка, Џиролами се прикажа во одлична форма со пласман на втората позиција пред третопласираниот Том Коронел, додека Давидовски беше 12то пласиран. Аскона беше најбрз во истата со 0.300 секунди пред аргентинецот во суви услови на патеката.

Вториот тренинг ги забележа и двајцата возачи на PSS Racing во топ 10 во драматично различни временски услови и дожд. Џиролами беше осми најбрз, додека Давидовски се пласираше на 10та позиција.

Мошне ветувачки резултати за нашиот тим и нивните возачи пред саботните квалификации кои започнуваат во 10:15 часот по македонско време. Преносот може да го следите на Facebook профилот на PSS Racing, или на YouTube каналот на TCR Europe.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ