ТЦР Европа, Монца 1: Давидовски во топ 10 по своето враќање

Претставникот од Македонија во највисоко рангираното првенство во Европа, Виктор Давидовски, имаше одлична прва трка на патеката Монца во ТЦР Европа првенството и се пласираше во топ 10.

Давидовски не беше во можност да учествува на првите две трки од сезоната во Франција и Белгија поради рестрикциите за влез од локалните власти во именуваните држави. Со пласманот на 9то место во првата трка, Виктор покажа дека неговиот автомобил Хонда навистина е одлично подготвен оваа сезона и сигурно ќе претендира кон уште посилен пласман во денешната втора трка на легендарната Монца.

Џулиен Брише се врати на највисокото место на подиумот во Монца, една година по успехот на трката во 2019 година. Французинот имаше безгрешна трка со неговото Пежо 308, додека веднаш позади него останатите повеќе беа во трка да се елиминираат еден со друг одколку нешто повеќе.

Позади Брише, на второто и третото место на подиумот се пласираа Лојд и Баерт.

Виктор Давидовски воедно доби трофеј од Јокохама, снабдувачот на пневматици, за прво место во новата категорија од мали екипи кои не се директно поддржани од производителот на автомобилот. Првите тројца во оваа категорија на крајот на годината ќе бидат наградени со нови гуми за 2021 година.

Втората трка е закажана со почеток во 13 часот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ