ТЦР Европа, Монца 2: Давидовски со одлична трка и дуели, но несреќен крај

По првата трка на легендарната Монца од своето враќање во елитното ТЦР Европа првенство во која се пласираше на 9та позиција, Виктор Давидовски покажа одлична форма и во втората трка, но за жал немаше среќа во последниот круг.

Во трката од 10 кругови, до 6от круг Давидовски веќе беше повторно во топ 10, со 4 одлични дуели и претекнувања над своите конкуренти. Истата позиција ја задржа до последниот круг во кој се откажа на почетокот на задниот правец пред Параболика поради механички проблеми.

Пепе Ориола испорача неверојатни перформанси со кои стигна до својата прва победа во ТЦР Европа. Шпанецот имаше совршен старт и го превзеде водството во првиот круг, а потоа имаше и одлично дефанзивно возење со што го спречи вчерашниот победник, Жулиен Брише, да нападне до крајот. Разликата помеѓу двајцата беше 1 десетинка.

ТЦР Европа првенството продолжува за две недели, на патеката Каталуња во Барселона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ