ТЦР Европа, Франција: Давидовски брилијантен до историска победа

По победата на Том Коронел на првата трка на патеката Пол Рикар во Ле Кастеле, неговиот тимски колега од Comtoyou Racing и нашиот преставник во елитното европско првенство, Виктор Давидовски, го повтори подвигот во втората трка станувајќи првиот возач на Diamond Trophy што победил на трка во ТЦР Европа.

Клим Гаврилов заврши на второто место во Volcano Motorsport CUPRA Leon Competición додека Brutal Fish Racing Honda Civic Type R на Пепе Ориола го комплетираше подиумот по драматичниот последен круг.

Тргнувајќи од пол-позицијата, Давидовски беше прв во свиокот 1, но зад него Гаврилов го мина Ориола за второто место надвор од стартната линија, а Коронел го мина Target Competition Hyundai Elantra на Феличе Џелмини за осмата позиција. Франко Џиролами, тимскиот колега на Давидовски напаѓаше од почетокот и го мина Исидро Каљехас за 4то место.

Во последниот круг, Ориола го истисна Коронел додека двојката се движеше низ шиканата на Мистрал Стрејт и холандскиот возач немаше друга опција освен да ја скрати кривината. Тоа значеше дека Коронел се пресели на трето место, но по неколку свиоци, Коронел ја врати позицијата на Ориола. Притоа, сепак, Џиролами го мина и својот тимски колега и така Коронел ќе мора да се задоволи со петтото место.

Но победата цврсто му припадна на Давидовски во другото Comtoyou Audi. Тој возеше беспрекорно во текот на трката во десет круга за да го спречи решителниот предизвик од Гаврилов. Притоа, тој освои уште еден максимален резултат во Дијамантскиот трофеј, со 100 процентен рекорд од досегашните четири трки.

Во поредокот на шампионатот за возачи, резултатите од викендот значат дека Џиролами сега има тринаесет поени предност пред Коронел со Гаврилов на третото место, со уште единаесет поени заостанување.

Севкупно, доминантен викенд за тројцата тимски колеги, по победата на Коронел и второто место на Џиролами во првата трка и историската победа за Давидовски на денешниот настап.

Следната трка во ТЦР Европа ќе се одржи на Спа-Франкошамп од 17-19 Јуни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ