ТЦР Европа, Франција 1: Солидни поени и 5то место за PSS Racing

Новата сезона во ТЦР Европа првенството започна во Франција на патеката Пол Рикар и официјално македонската екипа PSS Racing Team стигна до првите поени, благодарејќи на замената-возач, Нестор Џиролами.

Џиролами стартуваше од 4то место откако на вчерашните тренинг сесии беше третопласиран на првата и првопласиран на втората. Нестор имаше солиден старт, додека пред него Џон Филипи ја загуби првата позиција од Даниел Лојд.

Лојд откако го превзеде водството ја задржа позиција до самиот крај, додека во првиот 7 кругови од вкупно 10, до петто место сите беа блиску еден друг. Џиролами падна на 5та позиција, но успешно ја одржуваше позицијата што е доказ за одлично подготвениот автомобил Хонда на PSS Racing Team.

Утрешната трка стартува во 12:15 по македонско време и може да ја следите на официјалниот Facebook профил на PSS Racing Team.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ