ТЦР Европа, Франција 2: Прв подиум за PSS Racing со второ место за Џиролами

Возбудливиот и неверојатно успешниот почеток на новата сезона во ТЦР Европа првенството за македонската екипа PSS Racing Team и замена-возачот Нестор Џиролами продолжи и на втората трка во Франција со првиот подиум и пласман на второто место.

Џиролами стартуваше од 7та позиција на обратниот грид на стартот по вчерашниот пласман на 5то место и веќе во првиот круг надомести две позиции, една поради откажувањето на Брише. Набргу потоа го претекна Теди Кларе со два одлични маневри и го превзеде третото место.

Меди Бенани мораше да одслужи казна со поминуање низ боксот, што му овозможи на Џиролами и PSS Racing Team да напредуваат на втората позиција за најдобриот пласман на македонската екипа во досегашното учество во ТЦР Европа првенството.

Ова воедно беше и 1-2 победа за Хонда со победата на Мајк Халдер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ