ТЦР Европа: Шампионска сезона за Давидовски, Џиролами и Comtoyou Racing

Во нивната досега најсилна сезона, дуото на нашиот Виктор Давидовски и аргентинецот Франко Џиролами, придружени од Том Коронел и Вредерик Вервиш, ги освоија титулите во категоријата на возачи, во Diamond Trоphy категоријата и кај тимовите како претставници на Comtoyou Racing.

Последната трка од првенството во најсилната тркачка серија на туринг автомобили во Европа, на патеката Барселона, беше клучна за исходот во шампионатот кај возачите и тимовите.

Франко Џиролами, кој беше второпласиран минатата сезона борејќи се за титулата до самиот крај, оваа година беше доминантен во првенството со 431 освоени поени, пред второпласираниот и тимски колега, Том Коронел, со 316 поени.

Нашиот македонски претставник, Виктор Давидовски, по сериозен и посветен режим на подготовки за сезоната во 2022, го прикажа најдоброто од себе досега во неговата кариера, победувајќи на трката во Франција за на крајот повторно да ја освои титулата во Diamond Trophy категоријата. Давидовски ја заврши сезоната на 12та позиција, со освоени 169 поени, најмногу досега во неговата кариера.

 

Одлуката на македонската екипа PSS Racing Team да стане дел од Comtoyou Racing пред почетокот на сезоната, како и преминот од производителот Хонда на Ауди RS 3 LMS исто така се покажа како клучна одлука зад успехот на екипата и нејзините двајца возачи, Давидовски и Џиролами.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ