ТЦР, Норисринг: Давидовски со искусен “up and under” маневар за топ 4 пласман

По вредната работа, вложен труд, нашиот претставник во ТЦР Европа првенството, Виктор Давидовски, на патеката Норисринг во Германија повторно забележа феномелен пласман по двете трки.

Квалификувајќи се на третото место за првата саботна трка, Давидовски по неколку дуели беше петтопласиран, но се избори за одличното четвртто место во завршницата, додека неговиот тимски колега, Франко Џиролами беше третопласиран. Во истата, Виктор забележа 27 дополнителни поени на неговото конто, вкупно 122 по првата трка.

Во втората неделна трка, македонецот повторно го покажа својот квалитет. Возејќи на петтото место зад шпанецот Калејас во поголемиот дел, во последниот свиок од последниот круг, Давидовски го изведе ширум моторспорт светот прочуениот “up and under” маневар, измамувајќи го Калејас да ја брани внатрешната страна притоа идејќи широко на излезот додека Виктор позициониран од надворешна страна на влезот, го искористи максимумот од своето Ауди и излезе од внатрешната пред неговиот конкурент.

Формата на Виктор е се посилна во последните неколку трки, а тоа се прикажува и по неговите успешни резултати и висок пласман во првенството.

Јас искрено знаев дека сезонава ќе бидам најдобар досега. Многу работам, и психички и физички, на подигање на формата. И возам се подобро. Има уште место за подобрување секако – вели Виктор Давидовски за 24auto.mk по трката на Норисринг.

Франко Џиролами беше убедлив победник на истата, зголемувајќи го своето водство во генералниот пласман уште повеќе. Тимот за кој настапуваат и двајцата, Comtoyou Racing e лидер во пласманот, додека Џиролами сега има вкупно 275 поени. Давидовски на своето конто има 149 поени.

Следната трка ќе се вози повторно во Германија, овојпат на Нирбургринг на 26 и 28 Август.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ