Улогата на Мерцедес во копирањето на Рејсинг Поинт “под лупа“

Улогата која ја имале Мерцедес во снабдување со делови и цртежи од дизајнот на каналите за ладење на сопирачките кои ги користи Рејсинг Поинт оваа година ќе биде “под лупа“ откако и официјално ќе бидат поднесени жалбите на 5те екипи кои го најавија тоа.

Тимот од Силверстон беше казнет со 400.000 евра и одземање на 15 освоено поени поради користење на делови од сопирачкиот систем кои не се дизајнирани и произведени од нив, а не се наоѓаат на таканаречената позитивна листа на дозволени делови. Сепак, се очекуваат жалбите на тимовите да се фокусираат на различни аспекти од целата сага.

Некои екипи од падокот се сомневаат во намерите на Мерцедес односно дали тие целосно го почитувале правилата со тоа што ги снабдиле Рејсинг Поинт со дизајни и податоци за спорните делови, иако морале самите да ги направат и дизајнираат. Секако дека ако се докаже тоа што се верува дека Мерцедес го направиле ќе биде грубо кршење на правилата и секако дека ќе следува казна.

Иако стјуардите на ФИА беа задоволни со објаснувањето на Мерцедес, а во врска со тоа што “сребрените“ го направиле, некои екипи не се убедени во чесните намери на екипата и поради тоа дел од жалбите пред Меѓународниот суд ќе го насочат токму во тој дел.

Гунтер Стаинер, првиот човек на Хаас, екипа која не одбра да се жали затоа што големите и финансиски моќни екипи веќе го прават тоа, верува дека Мерцедес прекршиле правила. Неговата екипа имала ангажирано тројца инженери само за дизајн на каналите за ладење на сопирачките откако им било јасно дека тој дел сезонава нема да смее да го превземаат како Ферари до сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ