Унгарија – Ветел се изедначи со Сена

Хунгароринг во своето јубилејно 30то издание, трка број 10 оваа сезона како што само може да се посака. Фантастичен старт, безбедносно возило, многу претекнувања, уште повеќе казни, возбудливи дуели и како шлаг на тортата, Скудерија Ферари се враќа на врвот по четиримесечен пост. Адриан Њуи се појави во боксот и резултатот е прв подиум за Ред Бул по ноември 2014 година и тоа двоен, прв подиум во кариерата на Квјат и најдобар пласман, четврто место за Макс Верстапен. Луис Хамилтон го заврши неговиот “совршен“ викенд како 6ти, Розберг финишираше 8ми, двата болиди на Мекларен во поени.

Стартот беше одложен за еден круг поради почетничката грешка на Маса, Фелипе не се намести добро на стартот и “го пишмани“ целиот грид. За ова бразилецот си доби и 5 секунди во боксот прв првото негово менување.

ungarija_trka_vetel

Ферари направи copy-paste на стартот на Вилијамс од Силверстон. Двата црвени болиди се лансираа пред Мерцедес и ги оставија “сребрените“ да се борат меѓу себе, при што Луис малку “се прошета“ надвор од патеката и се врати на 10то место и по тимското радио го обвини Розберг дека го избуткал.

ungarija_trka_hamilton

Старт од соништата имаше и Форс Индија. Нико Хулкенберг напредуваше за 6 позиции и го зазема 5то место, додека Серхио Перез напредуваше за 5 позиции и го зазема 8то место. По крајот на првиот круг, Себастијан Ветел имаше 3 секунди предност пред Нико Розберг и неговиот Мерцедес кои беа пласирани на 3то место.

Прилично незгоден контакт на стартот во свиокот број три имаа и Даниел Рикардо со Валтери Ботас. Но, возбудувањата не завршија во првиот круг.

Во 8от круг Квјат доби наредба од екипата да го пропушти Рикардо кој очигледно беше доста побрз од него, а два круга подоцна Рикардо успеа да го мине и Нико Хулкенберг пласирајќи се на 5то место во тој момент.

ungarija_trka_redbul

Во истиот круг, број 10, Луис Хамилтон со контакт го мина Фелипе Маса и дојде до 9то место. Бразилецот нервозно реагираше преку тимското радио.

ungarija_trka_hamilton_botas

Во првите 20тина кругови, Хамилтон и Рикардо “се запалија“. Со престигнувањето над Перез во 13от круг Луис дојде до 6то место, а истиот круг Рикардо го мина Валтери Ботас за 4то место.

Кими Раиконен само 18 кругови возеше комотно пред да се откине еден дел од неговиот нос, но по двете затанувања во боксот, механичарите не го променија истиот поради проценките дека не штети на неговите перформанси и нема потреба да се губи време.

Следниот круг, Серхио Перез правеше обид да го мине Пастор Малдонадо на крајот од стартно целната рамнина, но Пастор не се даваше и иницираше контакт, користејќи го мексиканецот за побрзо да влезе во свиокот. Перез се врати на патеката, а Малдонадо беше казнет со минување низ боксот, прва од неговите три казни оваа трка.

ungarija_trka_maldonado_hulkenberg

Менувањето на пневматици кај Мерцедес и Ферари почна од 20от круг. Прво сменија двата сребрени болиди, а потоа и двете Ферарија и сите освен Нико излегоа со меки гуми. Ферари менуваа идентично, кај двајцата возачи по 3,2 секунди, кај Розберг промената траеше 2,8 секунди додека кај Хамилтон нешто не штимаше и тој се задржа 4,1 секунда во место.

На водечкиот во генералниот пласман му требаа 9 кругови за да го стигне и престигне Даниел Рикардо и да го превземе 4то место. Тоа го направи во 29от круг.

ungarija_trka_rikardo_rozberg

Како трката да не беше доволно интересна во првите 40тина кругови и се случи судар и повторно кај Форс Индија. Перез доживеа исто што доживеа Кими Раиконен во петокот. Предниот спојлер на Хулкенберг се откачи и влезе под болидот, Нико како куршум се заби во ѕид, делови од спојлерот “изеде“ Квјат кој беше веднаш зад него, а од контакт “куртули“ Ботас кој беше непосредно пред Хулкенберг. Ова значеше безбедносно возило и предноста на Ветел од 30тина секунди ја снема.

Безбедносното возило беше на патеката 6 кругови, до 49от, а поради тоа што стартно целната рамнина се чистеше од остатоците од болидот на Хулкенберг, болидите минуваа низ боксовите. Ова го искористија сите возачи за да ги променат гумите. Ферари повторно идентично ги задржа двајцата пилоти, а Хамилтон повторно заглави, овојпат 5,1 секунди.

ungarija_trka_safetycar_boks

Рестартот подеднакво интересен како и стартот на трката. Рикардо веднаш го нападна Хамилтон, а Луис иницираше контакт за што доби и казна, а го оштети и својот преден спојлер. Во таа мешаница, Верстапен го “закачи“ Ботас и ја дупна неговата задна десна гума.

ungarija_trka_hamilton_rikardo_raikonen

Кими почна да се жали на МГУ-К системот за кинетичка енергија на неговото Ферари. Лесно беше минат од Розберг, а потоа и од Рикардо пред да влезе во боксот во 53от круг каде неговиот мотор изгасна. Погонската единица беше рестартирана, но Кими мина само уште 4 кругови на Хунгароринг пред да се откаже.

ungarija_trka_raikonen_otkaz

Во меѓувреме се откажа и втората Форс Индија, онаа на Перез, во 54от круг, но и Сајнз поради пролеми со моторот се паркираше во гаража во 62от круг.

ungarija_trka_sajnz_otkaz

Последните 15тина кругови во водство беше Ветел на медиум гуми, по него Нико со исти избор, но многу брз од позадина беше Даниел Рикардо со меката компонента. Во 64от круг, австалијанецот се обиде да го мине Розберг на првиот свиок со многу касно кочење при што малку излета од патеката. Во моментите кога се враќаше на асфалтот, го закачи задното лево тркало на Нико. Ова значеше менување на гуми за Розберг кој едвај се довлечка до боксот, а Рикардо експресно го промени свето предно крило.

По последната казна, Хамилтон излезе на 12то место, но претекнуваше болид по болид и на 2 круга пред крајот, со поминувањето на Роман Гросжан, успеа да дојде до 6то место и да ја продолжи низата од 16трки во бодови. Но, по 28 трки на подиум, сребрената стрела овојпат одмараше што доволно говори за трката-кошмар на Мерцедес.

Со оваа 41ва победа во кариерата на Себ, тој се изедначи со Сена на вечната листа и сега има 10 помалку од Прост, а 3 повеќе од Хамилтон.

Во генералниот пласман, Луис има само 21 поен предност пред Розберг, исто колку и Нико пред Ветел. Кај конструкторите, Ферари “му бега“ 60 поени на Вилијамс, а Ред Бул се зацврсти на4т0 место.

ungarija_trka_rezultati

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ