Унилевер замина од Вилијамс во Мекларен

Вилијамс и официјално потврдија дека се разделуваат со еден од нивнит еглавни спонзори, британски Унилевер, кои пак оваа година ќе бидат партнери на Мекларен.

На почетокот на неделава медиумите шпекулираа дека соработката на Унилевер (Рексона) и тимот од Гров е пред крај, исто како и полскиот ПКН Орлен кој заедно со Роберт Кубица ја напушти екипата и во пакет мина во Алфа Ромео.

Рексона, брендот на Унилевер беше силно видлив на страничниот дел од болидот на Вилијамс, но компанијата одлучила да не ја продолжи соработката и името на брендот повеќе го нема на официјалниот веб сајт на тимот, исто како и Симантек, Омнитјуд и Тата.

Заминувањето на спонзорите од Вилијамс е компензирано од страна на Мајкл Латифи, чиј син е промовиран во возач на тимот сезонава, а во екипата како спопнзори дојдоа неговата Софина Фудс како и италијанска Лаваца која е личен спонзор на возачот

Како што Вилијамс официјално обзнанија дека прекинуваат да соработуваат со Унилевер, така Мекларен објавија известување до медиумите за својот нов повеќегодишен договор со британската компанија.

мекларен и унилевер се организации со глобална репутација во иновации, инспирација и водечки во технолошката индустрија. повеќе од 50 години мекалрен се иноватори во инженерингот и водечка сила зад високо-развиената технологија и откритијата.

ова партнерство ни дозволува да го делиме знаењето и искуството помеѓу нашите две глобални организации, развојот и интегралните области во бизнисот. нетрлепиви сме да почнеме да соработуваме годинава – напишаа од мекларен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ