Фановите решија: Ландо е најдобар возач до сега сезонава

Фановите го изгласаа Ландо Норис како најимпресивен возач во досехашнниот дел од овогодишната Формула 1 сезона на официјална анкета.

Формула 1 веб страната објави анкета по Тосканското Гранд При, а во врска со тоа кој возач најмногу импресионирал по првите 9 трки од првенството. Анкетата се однесуваше како на 20те актуелни возачи, така и на Нико Хулкенберг, а Ландо доби дури 87.000 гласови, односно 23% од истите.

Сезоната за младиот британец почна одлично со 3то место и првиот подиум на отворањето на календарот во Австрија, топ 6 пласман имаше уште 3 пати на следните осум трки, а не успеа да стигне до поени само на еден настан. Со ваквите резултати во моментов е на 4то место кај возачите со 65 поени.

Силните перформанси на Норис донесоа големи пофалби од Директорот за трка во Мекларен, Андреа Стела, кој го спореди со Фернандо Алонсо и Михаел Шумахер.

Победникот на Италијанското Гранд При, Пјер Гасли, заврши на второ место на анкетата со 18% од гласовите, а на трето мест осо 12% од гласовите беше Луис Хамилтон. Четврто мест оза Макс Верстапен со 11%, додека Даниел Рикардо собра 7% од симпатиите.

Роман Гросжан, Николас Латифи, Антонио Џовинаци, Даниил Квјат и Естебан Окон не добија ни цел процент гласови од страна на фановите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ