Фановите ја одбраа Германија за најинтересна трка сезонава

Над 13 илјади фанови гласаа во изборот за најинтересна трка во сезоната на кој победи Германското Гранд При.

Макс Верстапен стигна до својата 7ма победа во кариерата токму на Хокенхајм откако тимот беше најприсебен по хаотичното, дождливо и лизгаво Германско Гранд При. Холанѓанецот во еден момент и се изврте, но тоа немаше никакви последици, потоа никаде не погреши и триумфираше.

Себастијан Фетел ја почна трката од последно место, но возеше фантастично и на крајот дојде до 2ро место, додека неочекувано, русинот од Торо Росо, Даниил Квјат, дојде до 3та позиција на подиумот. Тоа беше само втор подиум за екипата од Фаенца во нивната историја.

Втора најдобра трка според фановите сезонава била Големата награда на Бразил, додека на 3то место изедначени беа Австриското Гранд При на кое победи Верстапен и Големата награда на Италија во Монца каде триумфираше Шарл Леклер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ