Фелоус: Астон ме потсетува на почетоците на Ред Бул

Новиот технички шеф на Астон Мартин, Дан Фелоус, откри дека во тимот го потсетува на почетоците на Ред Бул.

Тој замина од местото шеф на аеродинамичарите во Милтон Кинс лани за да бара нов предизвик во Астон Мартин, тим кој на големо ангажираперсонал од превземањето од страна на Лоренс Строл. Канадскиот милијардер е јасен во својата цел да создаде екипа која ќе се бори на предниот дел од гридот за пет години, а тоа го покажува со носењето на четирикратниот првак Себастијан Фетел лани и Фернандо Алонсо за следната година. Дополнително, екипата гради нов и најсовремена фабрика во Силверстон, непосредно до нивниот постоен објект.

Фелоус имаше огромен успех со Ред Бул и имаше значителна улога во сите 9 освоени титули од страна на тимот или возач кој вози за тимот, а откри дека тимот на Астон Мартин во моментов многу го потсетува на почетоците на Ред Бул.

еден од највозбудливите делови од моето патешествие во ред бул беше кога екипата напредна од претходниот, јагуар. беше мала екипа со многу ограничен буџет и одеднаш почнаа да се слеваат многу повеќе средства, имавме многу повеќе ресурси, поголема техничка сила и врвен менаџмент.

да се гледа тимот како расне и се развива и да се биде дел од тој успех и покрај тоа што се прават доста грешки во тој пат е неверојатно возбудливо. она што во моментов се случува во астон мартин е многу слично со она што се случуваше во ред бул – посочи фалоус.

Заминувањето на инженерот од Милтон Кинс се претвори во војна помеѓу двете кипи околу периодот од кога Дан смее да почне да работи во Силверстон, а Ред Бул бараа тој да биде на платено отсуство се до крајот на 2023 година до кога имаше договор со нив. Но, беше постигнат договор Фелоус да почне да работи во Астон во Аптил годинава, а самиот инженер призна дека му било непријатно што неговото име било вклучено во нешто такво.

најубавите моменти во кариерата ми се кога имам голем предизвик пред мене и морам да го надминам. не се работи само за предизвиот туку и можноста да бидат дел од нешто спекакуларно. толку се сериозни амбициите на астон мартин о лоренс строл на самиот врв, па се до доле.

станав дел од тимот поради тоа, добив ресурси да го остварам замисленото, што е неверојатно вознудливо. одлично е кога некој има толкава верба во вас, ви доверуваат формула 1 екипа да ја претворите во тоа што сакате, да ги донесете лушето што сакате, се со цел да бидете успешен.

го прифатив овој предизвик затоа што сметав дека работите може да се направат поинаку, а не на начинот на ред бул, на мерцедес или ферари. се работи за наоѓање на сопствен начин, начин на астон мартин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ