Ферари бараат поголем напредок од Шумахер

Од Ферари го пофалија напредокот на Мик Шумахер во Формула 2 оваа година, но очекуваат уште повеќе од него пред да го внесат во врвната моторспорт тркачка серија, односно во Формула 1.

Младиот Шумахер е дел од Академијата на Ферари и во моментов е на 4то место во возачкиот поредок во Формула 2 по двојниот подиум на Хунгароринг минатата недела. Формула 1 бара поени на суперлиценцата кои се добиваат најмалку со 6то место во поредокот во јуниорската серија за да се добие можност да се вози со врвните болиди.

Матиа Биното, првиот човек на Ферари, вели дека Шумахер направил голем напредок во однос на лани кога заврши на 12то место во поредокот, но јасно е дека ќе мора да продолжи со врвни резултати доколку сака да добие договор во кремот на моторспортот.

на мик му оди добро, многу подобро од лани и беше важно во својата втора година да покаже дека силно напредувал. мислам дека покажува од почетокот на сезоната е многу посилен. имаше некои несреќни моменти во Унгарија, но на крајот добро заврши и напредува, тоа е најважно.

прерано е да одлучиме што со него следната година, имаме целосна верба и му даваме голема поддршка, неговите перформанси во јуниорската серија ќе бидат клучни при проценката.

од нас ќе добие можност да вози формула 1 во момент кога же сметаме дека доволно напредувал и во моментов само треба да продолжи да работи како што работеше до сега, а одлуката ќе дојде – најави биното.

Самиот возач вели дека годинава е фокусиран на една цел, а тоа е да стане колку што може подобар.

сакам да бидам помеѓу најдобрите возачи и да се борам за победа на секоја трка. цел ми е константно да се подобрувам и да станам целосен возач. исто така сакам да се подобрам и како личност, време е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ