Ферари барале инженери од Ред Бул и Мерцедес

Според италијанскит емедиумит, Ферари барале и донеле инженери од Мерцедес и од Ред Бул во пресрет на оваа сезона од која имаат големи надежи.

Минатата сезона Ферари беа значително подобро одошто една година претходно кога ја имаа најлошата сезона во последните 40 години. 2021 ја завршија на 3то место кај конструкторите откако го победија Мекларен, а сезонава очекуваат редовно да се борат за победи откако регулативата беше целосно ресетирана.

Угледната La Gazzetta dello Sport пренесува дека италијанците направиле контакти и имале желба да донесат во Маранело врвни инженери од Мерцедес и од Ред Бул, на тој начин ослабнувајќи ја конкуренцијата и во исто време засилувајќи ја својата екипа. Тие ќе работат во веќе добро екипитаниот аеродинамички тим кој цели со иновации да дојде на чело од поредокот.

сржта на одделот за дизајн и аеродинамика остана исти како познатиот од 2017 година кога имаше голема промена на правилата со давид санчез како шеф на дивизијата кој му одговара директно на енрико кардиле кој е одговорен за проектот за целосниот болид. матиа биното лично посакувал стабилност кај своите инженери и дизајнери затоа што верува во нив.

но, секако дека доаѓаа и засилувања од ред бул, дури и од мерцедес кои имаат знање за тоа што се работи во конкуренцијата и согласно тоа може да ги одредат слабите и силните страни на тимот – се вели во весникот.

Средиште на целосно новите аеродинамички правила ќе биде таканаречениот “земјен ефект“, аеродинамички принцип невиден во спортот од 1980-тите години, што значи дека најголем дел од инженерите во падокот немаат реално познавање за истиот. Во продолжение, La Gazzetta dello Sport тврди дека италијанците враќаат познато лице во славниот Рори Брн кој треба да им помогне во развојот, а кој беше глаен дизајнер за време на доминацијата на Скудерија од почетокот н 2000-те години со Михаел Шумахер.

во ферари, супер констултантот рори брн ќе донесе искуство од 1980-тите години кога земјениот ефект се користеше затоа што границите на тој концепт кој допрва ќесе користи никој не ги знае.

Правилата од оваа година се многу рестриктивни со цел да нема никакви “сиви зони“ кои може да се искористат и преку нив да се стекне предност. Целта е поизедначени болиди и подобро тркање со повеќе претекнување.

Ферари најавија дека ќе бидат агресивни во развојот на новиот болид, а Биното посочи дека не сакаат да го развиваат болидот согласно претходни идеи и знаења.

овогодинешниот болид е најагресивен во однос на пристапот споредено со сите скорешни пакети кои сме ги имале – најави швајцарскиот инеженер.

Италијанскиот печат пренесува дека средиште во развојот е долниот дел од болидот и формата на истиот каде постои можност за иновација и каде може да се стекне многу потисна сила.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ