Ферари ги одложи целите поради пандемијата

Ферари ги одложи целите за профитот за наредната година откако одложи некои инвестиции и испораки за првиот електричен автомобил за 2025 година. 

Луксузната марка имаше предвидувањата за заработката од 1.8 до 2 милијарди евра во 2022 година. Но, поради пандемијата, целта ја помести за 2023 година иако очекуваат раст и оваа година. 

Очекувавме некои чекори од 2020 година да продолжат и во 2021 година и поради тоа го поместивме трошењето како одговор на пандемијата за една година – изјави Џон Елкан, претседателот на компанијата. 

Со објавувањето на резултатите од првиот квартал, Елкан соопшти дека и Ферари бил оштетен од пандемијата и поради тоа не го развил брендот во некои други луксузни области. Акциите на Ферари на берзата во Милано паднаа за 8 проценти, но компанијата прикажа солидни резултати за за овој квартал и се предвидува дека годината ќе ја заврши со заработка од 1.45 до 1.5 милијарди евра.

Во 2022 година очекуваме подобри резултати и веруваме дека ќе сме силни. 

Аналитичарите од Морган Стенли сметаат дека ова нема да се почувствува врз планот на Ферари и префрлањето на електрични возила. 

Се остава многу место за новиот менаџмент да го види потенцијалот за по 2023 година со повеќе нови модели. 

Елкан потврди дека Ферари ќе го прикаже својот прв СУВ модел и дека најголемите трошоци ќе одат кон електрификацијата на брендот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ