Ферари ги пробува “спорните“ тркала на Мерцедес

Ферари денеска дебитираше со својот дизајн на задни тркала инспирирани од оние кои Мерцедес ги користеше при крајот на минатата сезона, а поради кои се крена многу порашина.

Новите тркала имаат многу нерамнини и дупки со цел подобро да се контролира температурата на целото тркало. Тоа овозможува одстранување на топлината од гумит, рамномерна дистрибуција на жешкиот воздух и спречување на деградирање на пневматиците предизвикано од топлина.

Мерцедес прв пат го покажа својот пронајдок лани во Белгија откако имаа големи проблеми со менаџирањето на гумите во првиот дел од сезоната. Со користење на “спорните“ тркала тие стигнаа до 6 победи до крајот на првенството.

Скудерија го ископираа дизајнот на “сребрените стрели“ за да ги оладат задбите тркала со цел намалување на трошењето на гумите и спречување на појавувањето на меури. За разлика до дизајнот на Мерцедес, тркалата на Ферари имаат поагресивни нерамнини.

Сличен дизајн пробува и Мекларен, но нивните тркала се покриени со цена термална боја за да се намали трансферот на топлина на гумите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ