Ферари ги решија своите проблеми, па сега се вмешаа во копирањето на Рејсинг Поинт

На ден пред сослушувањето од ФИА во однос на легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, Ферари достави барање до Формула 1 барајќи објаснување околу правилникот.

Главниот глас против Рејсинг Поинт и РП20 до сега и дека истиот е копија или премногу инспириран од В10 на Мерцедес, беше тимот на Рено. Тимот од Енстоун поднесе три официјални протести како дел од истрагата на ФИА, а поспецифично кон отворите за ладење на сопирачките.

Додека се очекува ФИА да донесе одлука во Среда, Скудерија испратиле барање до нив и Формула 1 и бараат појаснување околу целиот процес на обратен инженеринг во спортот. Ферари посочи кон Додатокот 6 од спортската регулатива.

Учесник ќе, во однос на наведени делови на болидот, користи само тие кои се дизајнирани од нив самите. Обврската да дизајнира и користи наведени делови нема да го спречи учесникот да користи други странки за дизајн и производство на тие делови, но во случај само:

  • Доколку го задржи ексклузивното право да користи наведени делови во Формула 1 се додека се натпреварува во Формула 1
  • Доколку најми трета странка, таа странка нема да биде учесник или конкурент
  • Доколку најми трета странка за дизајнот, таа трета странка нема да биде конкурент или странка кој директно или индиректно дизајнира наведени делови за било кој конкурент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ