Ферари го сакаат Саинз на подолг период

Шефот на Ферари, Матиа Биното, очекува Карлос Саинз и Шарл Леклер да бидат колеги подолго време во Маранело. 

Шпанецот кој има 26 години потпиша двегодишен договор со Ферари, додека Леклер е “врзан“ со тимот до 2024 година, но колку време ќе остане во тимот зависи од неговите перформанси. 

Биното изјави дека двајцата возачи ќе се преселат во близина на Маранело за да учествуваат во развојот, а тој е дециден дека не сака кратки планови со возачите и сака да постави цврсти темели.

Возбуден сум затоа што сметам дека Направивме вистински избор. Задоволен сум што Карлос доаѓа во тимот. Двајцата возачи се млади, но веќе имаат искуство.

Не само што сакаме победи туку сакаме и план за подолг рок, да поставиме цврсти темели и кога тоа ќе го направиме базирано на млад тим, не само инжинери туку техничари и возачи тогаш е правилниот избор – потсети швајцарскиот инженер.

Биното е задоволен што Фетел останува на гридот и наредната година. 

Среќен сум. Добро е што порано искомунициравме со него и му дадовме шанса да си најде место што е успех и за нас.

Среќен сум за него како возач и личност и мислам дека е важен за Формула 1. Тоа е одличен резултат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ