Ферари демантираат дека ќе го копираат предното крило на Мерцедес

Ферари немаат намера да го користат видот на предно крило на Мерцедес и покрај тоа што главна цел во пресрет на оваа сезона е да додадат повеќе потисна сила на својот болид. Екипата од Маранело ја промени филозофијата на дизајнот и наместо болид со мала потисна сила кој е брз на правците, сезонава се реши за филозофијата на Мерцедес со многу потисна сила.

Иако главна цел беше да се додаде потисна сила на болидот, Матиа Биното демантира дека ќе користат предно крило налик н она од сребрениот болид.

Предното крило на СФ1000 кој се користеше на промоцијата беше ланска верзија и истото ќе биде користено за тестирање се до последната спецификација која треба да се појави на трка во Мелбурн, но концептот нема да се менува.

веројатно дека ова предно крило не е конечното, но секако е база за почеток и ќе продолжиме со него на зимските тестови. нема да го менуваме концептот, ќе остане истиот иако ќе тестираме и други верзии и ќе видиме што е најдобро за нас.

мислам дека потисната сила драстично ја подобривме не само преку крилата туку и преку сиот болид. тоа е многу комплексна работа, имаме послаб болид, задниот дел е помал и поразлично и подобро работи. постиснат асила вкупно е многу зголемена – откри Матиа биното.

Зголеменото ниво на потисна сила само по себе носи драг, односно забавување на болидот на правците, а швајцарскиот инженер сеуште не е сигурен дека е најден правилен компромис.

секако дека ја зголемивме потисната сила, а со тоа и нивото на драг и верувам дека нашиот болид е биде побрз низ кривините, иако можеби побавен на правците. сеуште е прашање дали сме го пронашле вистинскиот баланс, тешко е тоа да се знае затоа што треба да имаме во предвид дека и останатите работат. сепак, факт е дека потисната сила е зголемена многу.

Шефот на екипата исто така откри дека ќе експериментираат со таканаречениот `rake` од почетокот на сезоната. Тоа всушост значи висината на задниот во однос на предниот дел од болидот.

тоа ќе го тестираме во барселона и на трките кои следуваат потоа. како што реков, почетна точка е ланскиот болид така што коцнептот не е променет. растојанието помеѓу тркалата и висината се многу слични.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ