Ферари добиле цела секунда со новиот болид

Пред новата Формула 1 сезона се посилни се гласините од Маранело дека Ферари со новиот болид ќе биде цела секунда побрз од претходниот. 

Италијанците ја започнаа силно претходната сезона победувајќи на две од три трки, но во текот на сезоната, работите со развојот не одеа како што треба и шансата за титула ја снема. Ред Бул доминираше и стигна до 17 победи од кои 15 за Макс Верстапен. 

Во текот на зимата, Ферари работеа на поправање на издржливоста на моторот и аеродинамиката во средни и бавни свиоци. Тие направи голема промена и со нов шеф на тимот откако Матиа Биното си замина од тимот по две декади. 

Новиот болид се вика Проект 675 и ќе го промовираат на 14 Февруари. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ