Ферари донираа амбулантно возило во Модена

Екипата на Ферари е уште една која придонесува кон подобрување на моменталната ситуација со пандемијата од Корона вирусот, преку донација на амбулантно возило на болница во Модена.

Италија е една од најлошо погодените земји во Европа со стапка на смртност од 10,000 и потврдени случаи кои ја надминуваат бројката од 100,000 жители.

Откако трките не се дел од сезоната во доследна иднина, тимовите се адаптираат на ситуацијата и ги користат своите ресурси и технологија да помогнат на здрвствените установи кои ги немаат потребните минимални ресурси.

Мерцедес помогнаа со нов уред за дишење за помалку од 100 часа преку 3Д печатење со цел да помогне кон потребата за респиратори во Велика Британија, а тие, како и шест други тимови во Велика Британија се дел од проектот именуван како “Проект Питлејн“ во кој сите ќе придонесат кон спасување на животи.

Ферари самите исто така се вложени во обид да помогнат при овие тешки времиња.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ