Ферари загубиле половина секунда лани

Матиа Биното верува дека одлуката на Ферари да се фокусираат на новиот болид за 2022 година ги чинела околу половина секунда во борбата минатата сезона. 

Ферари несомнено доби многу споредено со 2020 година, но можеле и повеќе доколку не се фокусирале на болидот за 2022 година. Италијанците беа јасни уште на почетокот на минатата сезона дека нивен приоритет ќе биде оваа 2022 година. Сепак Скудерија успеаа да стигне до 3та позиција иако во 2020 година беа на 6то место во најлошата сезона во последните 40 години. 

Доколку ги гледаме минатите сезони и разликата помеѓу нас и Мерцедес, би рекол дека просекот беше половина секунда. Ние сме сигурни дека доколку се потрудевме и насочеме целосно, ќе добиевме уште половина секунда.

Наш приоритет е развојот на болидот за 2022 година поради лимитираниот буџет. Имаме ограничени ресурси. Ние знаевме дека за минатата сезона ќе мора да се подобриме по лошата 2020 година и многу беше важно во точен момент да го свртиме фокусот за да направиме добар темел за во иднина – посочи тимскиот шеф.

Ферари најавија преструктурирање на компанијата и Биното ќе ја задржи позицијата во новиот менаџмент. Тој ќе му одговара на Бенедето Виња и според него промените нема да влијаат на тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ