Ферари и Мерцедес опоменати за КОВИД-19 протоколите

Ферари и Мерцедес се на чекор пред опомена од ФИА околу следење на ригорозните мерки за Корона вирусот, откако Шарл Леклер и Валтери Ботас се вратиле во Монако по Австриското Гранд При.

Откако ФИА ги воведе таканаречените социјални меури со цел да се ограничат шансите за инфекција во падокот, делегати на ФИА биле известени дека Леклер и Ботас ја напуштиле земјата по претходната трка. Иако возачите можат да патуваат надвор од земјите, тие мора да останат во своите кругови и да не се мешаат со никој друг.

Ботас постираше на социјалните мрежи дека ужива во Монако, додека Леклер објави слика со пријатели и фанови, во која никој не носи маска. 

Се претпоставува дека по анализа, ФИА ќе достави запис до двете екипи како потсетување околу сериозните мерки кои важат за сите во падокот. Фактот што ова може да биде втора опомена за Ферари, откако Фетел беше забележан како дискутира со Хорнер и Хелмут Марко без маска, значи дека овојпат работите ќе бидат посериозни.

Очигледно дознав кога се вратив. Секако, не прави разлика дали ќе седам со истите луѓе во истиот меур, или ќе се вратам дома во Монако. Решив да се вратам дома, во Европа сме и патувањето е лесно. Нема потреба од поголем стрес. Сакав да поминам 3 дена во својот дом. Јас бев со истите луѓе – изјави Ботас.

Леклер исто така не гледа проблем во неговото однесување и вели дека направил неколку тестови за да се осигура дека не е инфициран.

Се вратив дома. Од друга страна, бев тестиран два пати пред да се вратам тука. Бев дванпати негативен. Тоа е се. Да, се вратив дома на два дена – изјави Леклер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ