Ферари и UPS се разделуваат по 9 години соработка

Долгогодишниот спонзор на Ферари, американски УПС (United Parcel Service), повеќе нема да биде партнер на славниот Формула 1 тимот од сезоната која следува.

Италијанците ја потврдија веста за Sports Business Journal и најавија неколку спонзорки промени за новата сезона која почнува во Март. Веќе е познато дека шпанскиот финансиски гигант Сантандер повторно станува дела од Маранело.

Ферари веќе потврди и дека нов партнер ќе им стане швајцарски Велас Нетворк, компанија која нуди блокчеин технологија и крипто валути. Нивниот договор ќе нуди создавање на дигитални содржини за армијата фанови на Ферари, а швајцарцките ќе го спонзорираат и спортс тимот.

Долгогодишниот договор со гигантот Филип Морис сеуште треба да се обнови и не се познати детали околу истиот. Компанијата е со Скудерија од далечната 1984 година, но нивниот бренд Мишн Виноу наидува на многу забрани за рекламирање на трките каде се појавува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ